Зулфи Адили потпретседателот на Унитети, беше еден од говорниците на јавната дискусија "Плурализмот и политичката криза", која ја организираше ЦИВИЛ-Центар за слобода.
[youtube width="600" height="400"]https://www.youtube.com/watch?v=p5qLh60yNjk[/youtube]
“Грешката се направи во Пржино со одредување на датумот, пред да се работи на реформите познати за јавноста. Институциите треба да го прочистат Избирачкиот список. Треба да се спроведат реформи, без да се определува датум. Со помош на меѓународната заедница, со помош на новиот германски специјален пратеник, со помош на сите нас, политичките субјекти, оваа криза создадена од ВМРО/ДУИ/ДПА ќе биде решена”, порача Адили.
Настанот се одржува во рамките на проектите „Слободни избори за слободни граѓанки и граѓани“, поддржан од Министерство за надворешни работи на Сојузна Република Германија и „Напред!“ – проект за изборен мониторинг, финансиран со германски средства од Пактот за стабилност на Југоисточна Европа.