Кекеновски: Експертска влада за демократска консолидација

Јове Кекеновски, еден од основачите на ФРОДЕМ, се обрати на четвртата  јавна дискусија "Плурализмот и политичката криза", во организација на ЦИВИЛ-Центар за слобода.

[youtube width="600" height="400"]https://www.youtube.com/watch?v=WPajn4DsCFQ[/youtube]

Според Кекеновски, "Сегашните преговарачи немаат капацитет и кредибилитет да ја решат кризата. Една година по потпишување на Пржино, ситуацијата е уште полоша. Имаме тензична состојба, на раб на братоубиствена војна, за спас на политичарите. Имаме правна, уставна, безбедносна криза. Треба да се внесе 5-тиот елемент, кој ќе ги претставува граѓанскиот сектор, малите партии и фракциите, кои ќе ги освестат оние што преговараат. Треба експертска влада, за демократска консолидација”, предложи Кекеновски.

Настанот се одржува во рамките на проектите „Слободни избори за слободни граѓанки и граѓани“, поддржан од Министерство за надворешни работи на Сојузна Република Германија и „Напред!“ – проект за изборен мониторинг, финансиран со германски средства од Пактот за стабилност на Југоисточна Европа.