Јовановска: Во криза сме поради ВМРО-ДПМНЕ

Билјана Јовановска од Партијата за економски промени 21 (ПЕП 21) потсети дека опозициските партии биле индиректно вклучени во Пржинскиот договор, а политичката криза ја создаде ВМРО-ДПМНЕ. Исто така, Јовановска како и повеќето лидери на партии го дели ставот дека слободни избори на 5-ти јуни не може да има.

[youtube width="600" height="400"]https://www.youtube.com/watch?v=SYJ1yspl2i4[/youtube]

“Македонија може да успее ако сме несебични и ја оставиме суетата на страна. Повеќето партии од опозицијата бевме индиректно вклучени во Пржино, имавме состаноци, координации, и нечесно е да се каже дека не сме биле вклучени. Избори на 5 јуни не може да има, а ние сме во криза благодарение на ДПМНЕ и владејачките партии”, смета Јовановска.

Жестоки критики на сметка на власта, одложување на изборите, повлекување на аболицијата на Иванов, ослободување на медиумите, департизација на судството и низа други мерки и реформи за излез од политичката криза во Македонија, се дел од ставовите на највисоките претставници на над дваесет политички партии кои беа дел од четвртата јавна дискусија на тема „Плурализмот и политичката криза“ во организација на ЦИВИЛ – Центар за слобода.

Настанот се одржа во рамките на проектите „Слободни избори за слободни граѓанки и граѓани“, поддржан од Министерство за надворешни работи на Сојузна Република Германија и „Напред!“ – проект за изборен мониторинг, финансиран со германски средства од Пактот за стабилност на Југоисточна Европа.