Слободан Угриновски, претседателот на Сојуз на Титови леви сили, присуствуваше на дискусијата „Плурализмот и политичката криза“ во организација на ЦИВИЛ – Центар за слобода. Неговиот став е дека нема услови за слободни, фер и демократски избори на 5-ти јуни.
[youtube width="600" height="400"]https://www.youtube.com/watch?v=HUni3iWMgQc[/youtube]
„Нема услови за избори. Аболицијата ја усложни ситуацијата. Четворица не можат да ја решат ситуацијата, треба да бидат вклучени и другите. Решенијата од Пржино се нестручни, зарем опозицијата не знаеше со кого си има работа? Како никогаш досега, опозицијата и граѓаните се силни, и можат да ја згазат власта како шлепер жаба”, смета Угриновски.
Настанот се одржа во рамките на проектите „Слободни избори за слободни граѓанки и граѓани“, поддржан од Министерство за надворешни работи на Сојузна Република Германија и „Напред!“ – проект за изборен мониторинг, финансиран со германски средства од Пактот за стабилност на Југоисточна Европа.