Мисовски: Аболицијата на Иванов е верификација на криминалот

Горан Мисовски, потпретседателот на НСДП ги претстави позициите на својата партија на дискусијата „Плурализмот и политичката криза“ во организација на ЦИВИЛ – Центар за слобода. Неговиот став е дека нема услови за слободни, фер и демократски избори на 5-ти јуни.

[youtube width="600" height="400"]https://www.youtube.com/watch?v=e9ga24oLr00[/youtube]

„Груевски и фамилијата ја претворија ВМРО-ДПМНЕ во злосторничко здружување. Избори на 5 јуни нема да има. Вељановски ќе се посипа со пепел и ќе го свика повторно Собранието на Р.Македонија. Избори мора да има и ќе има, кога ќе се создадат услови. Аболицијата на Иванов е ставање на печат и верификација на криминалот. Замислете во каква паника бил Груевски, кога го повлекол последниот очајнички потег, користејќи го претседателот на државата”, заклучи Мисовски.

Настанот се одржа во рамките на проектите „Слободни избори за слободни граѓанки и граѓани“, поддржан од Министерство за надворешни работи на Сојузна Република Германија и „Напред!“ – проект за изборен мониторинг, финансиран со германски средства од Пактот за стабилност на Југоисточна Европа.