Носи Портокалово

Носи Портокалово

ЦИВИЛ – Центар за слобода како дел од мрежата на International Action Network Against Small Arms – IANSA (Меѓународна акциона мрежа против малото оружје) и Control Arms (Контрола над оружјето), денес (2 јуни) го одбележува првиот Ден на свесноста против вооруженото насилство, со учество во кампањата „Wear Orange“.

Битолчани: Немаме резервен град за живеење!

Битолчани: Немаме резервен град за живеење!

ЦИВИЛ Медиа го проследи протестот за оставка на битолскиот градоначалник Владимир Талески, организиран од здружението на граѓани „За нас се работи“. Под мотото „Сложно и заеднички за битолско утре“, на 27 мај, со почеток во 18 часот на плоштадот „Будење“, на протестот излегоа околу две илјади битолчани. Протестот помина мирно, а пред општината дел од протестантите останаа да кампуваат. Тимот на Цивил Медиа разговараше со Иван Јерчиќ, актер и еден […]

Македонија да се ослободи од заложништво!

Македонија да се ослободи од заложништво!

Коалицијата Граѓаните за Македонија се обрати до меѓународната заедница на својата веб станица под наслов: Граѓаните очекуваат враќање на слободата и демократијата, а не уште еден тоалет хартија – договор!

Изложба „Соочување со минатото”

Изложба „Соочување со минатото”

ЦИВИЛ – Центар за слобода и Форум – Цивилен мировен сервис во среда, на 3 jуни, во 19 часот, во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија  ќе организираат изложба „Соочување со минатото“. „Соочување со минатото” се одржа од 13-19 март, 2015 год. во Струга со уметници од Македонија, Косово и Албанија, во организација на германската организација Форум – Цивилен мировен сервис Македонија и ЦИВИЛ – Центар за слобода.

Политиката ја урива слободата на уметниците

Политиката ја урива слободата на уметниците

ЦИВИЛ Медиа разговараше со сликарката Касиопеја Наумоска колку политичката состојба влијае врз животот на уметниците. Таа вели дека сликите се показател за времето во кое  се живеело и политиките кои ги воделе државите. Наумоска додава дека сликите остануваат да сведочат, за што се пример и врвни уметнички дела од познати автори во разни светски галерии, што  до ден-денес имаат непроценлива вредност.

Носи Портокалово

#WearingOrange

ЦИВИЛ – Центар за слобода како дел од мрежата на International Action Network Against Small Arms – IANSA (Меѓународна акциона мрежа против малото оружје) и Control Arms (Контрола над оружјето), денес (2 јуни) го одбележува првиот Ден на свесноста против вооруженото насилство, со учество во кампањата „Wear Orange“.

Битолчани: Немаме резервен град за живеење!

Protest Bitola

ЦИВИЛ Медиа го проследи протестот за оставка на битолскиот градоначалник Владимир Талески, организиран од здружението на граѓани „За нас се работи“. Под мотото „Сложно и заеднички за битолско утре“, на 27 мај, со почеток во 18 часот на плоштадот „Будење“, на протестот излегоа околу две илјади битолчани. Протестот помина мирно, а пред општината дел од протестантите останаа да кампуваат.

Тимот на Цивил Медиа разговараше со Иван Јерчиќ, актер и еден од организаторите на протестот. Јеричиќ изјави дека следниот чекор на Здружението е собирање на потписи за распишување на референдум за нови локални избори.

Македонија да се ослободи од заложништво!

Zbogum Nikola

Коалицијата Граѓаните за Македонија се обрати до меѓународната заедница на својата веб станица под наслов:

Граѓаните очекуваат враќање на слободата и демократијата, а не уште еден тоалет хартија – договор!

Изложба „Соочување со минатото”

10522164_773999336051871_5301905758115158540_o

ЦИВИЛ – Центар за слобода и Форум – Цивилен мировен сервис во среда, на 3 jуни, во 19 часот, во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија  ќе организираат изложба „Соочување со минатото“.

„Соочување со минатото” се одржа од 13-19 март, 2015 год. во Струга со уметници од Македонија, Косово и Албанија, во организација на германската организација Форум – Цивилен мировен сервис Македонија и ЦИВИЛ – Центар за слобода.

Политиката ја урива слободата на уметниците

11270257_773587632759708_7196989077336149180_o

ЦИВИЛ Медиа разговараше со сликарката Касиопеја Наумоска колку политичката состојба влијае врз животот на уметниците. Таа вели дека сликите се показател за времето во кое  се живеело и политиките кои ги воделе државите. Наумоска додава дека сликите остануваат да сведочат, за што се пример и врвни уметнички дела од познати автори во разни светски галерии, што  до ден-денес имаат непроценлива вредност.

Самоволие и незаконски постапки на власта

0,,18430895_401,00

Полицијата им ги одзеде мобилните телефони на уапсените и приведените во текот на полициските акции против демонстрантите од 5 мај наваму. Само им било кажано дека тие телефони ќе одат на вештачење. Ни по 22 дена, нема објаснување за оваа постапка на полицијата.