Џабир Дерала: На насилство нема да одговориме со насилство!

ЦИВИЛ – Центар за слобода на 14 мај во Клубот ГЕМ оддржa дебата на тема КРИЗА ВО МАКЕДОНИЈА посветена на политичката ситуација во земјата. На дебатата воведничари беа професор. д-р Сашо Орданоски, политички аналитичар, Маргарита Цаца Николовска, поранешна судијка во Европскиот суд за човекови права и актуелна судијка во Уставниот суд на БиХ и Рамадан Рамадани, НИСМА, аналитичар и колумнист.

Дебатирвме за прашањата:

  • Кои се одговорните чинители за политичките состојби во земјата?
  • Дали безбедносната криза во Куманово ќе влијае врз интензитетот на граѓанското незадоволство и протестите закажани за 17 мај?
  • Каква е перспективата на Македонија?

Воведничарите ја потенцираа екстремната антагонизираност на политичката сцена и длабоката криза во македонското општество, се согласија дека 17 мај е денот кога ќе започнат неопходните промени, дека заминувањето на актуелната Влада е неминовност и ека на Македонија и е неопходна преодна влада која ќе ја врати државата на одамна напуштениот пат кон демократизација и евроинтеграции.

Погледнете го видеото и дел од транскриптот од излагањето на модераторот на дебатата Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ.

[youtube]https://www.youtube.com/watch?v=qr99zN-zXiI[/youtube]

Print Friendly, PDF & Email