И битолчани бараат оставки веднаш!

Со барања за оставка на градоначалникот на Битола, Владимир Талески, оставка за претседателот на Македонија Ѓорге Иванов и за ослободување на 13-те приведени за време на вчерашните протести во Скопје, повеќе од 3.000 битолчани се собраа на вечерашните демонстрации. Спонтаниот протест започна пред Офицерскиот дом, продолжи низ Широк Сокак, за да заврши пред зградата на Општина Битола која беше под силна полициска заштита.13010280_10205649101336178_797032796_o

Протестите во Битола започнаа синоќа по најавата на Иванов дека ќе ги помилува сите политичари против кои се води кривична постапка. Масовен револт кај битолчани предизвика и денешната прес-конференција на Специјалното јавно обвинителство, кога беше најавениот новиот случај “Транспортер”, кој се однесува на превозот на ученици договорен од градоначалникот Талески, според СЈО „поскап од оној во Токио“.

Како што за ЦИВИЛ Медиа информираа членовите од набљудувачкиот тим од Битола, насобраните граѓан(к)и извикувајќи „Оставка!“, „Нема правда, нема мир!“..., се судриле и со полицијата.

12992046_982873975136421_106440731_o

И покрај најавите за контра-протест во Битола, тоа не се случило, затоа што, во организација на ВМРО-ДПМНЕ, битолчаните кои партијата на локално ниво, ги планирала за контра-протестот, биле со автобуси  одвезени во Скопје. Последните информации од мобилниот тим во Битола, се дека 17 автобуси денеска заминале за Скопје.

 

Print Friendly, PDF & Email

Оваа вест е достапна и на: Albanian