ИСТРАЖУВАЊЕ НА ЦИВИЛ: Препознавање на изборните нерегуларности

Цивил – Центар за слобода во рамки на проектот „Моето гласачко право“ спроведува истражување преку работа со фокус групи, интервјуа со претставници на засегнати страни и онлајн прашалник наменет за организации на граѓанското општество и активисти.

Во рамките на истражувањето се прибираат податоци за нивото на познавање на избирачкото право, потребата од препознавање на изборни регуларности и состојбата на човекови права и слободи во земјата.

Кликнете ТУКА за да одговорите на прашалникот. Тој се пополнува за помалку од две минути. Крајниот рок за пополнување на прашалникот е 28 март.

Резултатите од истражувањето ќе бидат презентирани за јавноста на 31 март. Кликнете ТУКА за повеќе информации за настанот.

Print Friendly, PDF & Email