Медиумскиот мрак станува сѐ подлабок

Денес објавениот годишен извештај на „Фридом Хаус“ не нѐ изненадува затоа што коренспондира со реалноста во Македонија. ЦИВИЛ - Центар за слобода, како една од многу ретките организации што вршеа следење на изборните циклуси кои се спомнати во извештајот, и во нашите завршни извештаи објави податоци за огромниот број недостатоци и прекршувања на законите за време на изборниот процес.

За жал, со секој изминат изборен циклус, во Македонија состојбата се влошува, и сметаме дека „Фридом Хаус„ тоа јасно и објективно го нотирале.

Како што се влошува состојбата со изборите и социјалните и човековите слободи и права на граѓаните во Македонија, така и медиумскиот мрак станува сѐ подлабок. Без информиран електорат, не можеме да имаме функционална демократија, и сметаме дека токму тоа го искористува режимот.

 

Print Friendly, PDF & Email