Моите деца ме имаат само мене

„Го сакав многу. Бевме млади и не ни беше важно да се венчаме... Му родив две деца и... ме остави. Си отиде со друга и денес не сака да чуе за нас, за мене и моите две дечиња. Мајка му нè избрка од живеалиштето и немав каде, па отидов кај моите родители.

Татко ми не сакаше да ме прими со децата, ме тераше да ги дадам во дом, па потоа да се вратам кај него. Не сакав да ги оставам децата во дом за сираци. Моите деца ме имаа(т) мене, нивната „мама“, тие не се сираци!

muaZsOmБевме тројца бездомници. Побарав спас по организации за човекови и детски права, ме советуваа како да постапам. Излегов на телевизија и ја раскажав мојата трагедија. Општината нè згрижи во општинска зграда две години. Ни носеа храна и ни помагаа, но јас сакам работа за мене и градинка за децата.

Сега, сите се откажаа од нас, велат - немаат ресурси повеќе да не помагаат. Организациите помагаат еднаш-два пати и толку е. Од општинското место не избркаа, па нè прибра една жена. Но, таму немавме пари за струја и ни ја исклучија. Потоа, Општината сепак, се смилува и ни ја плати струјата. А не ни ја пуштаа зашто немав да платам 2.000 денари - за казната за доцнење на плаќањето. Струјата ми е најголем проблем, немам кај да се искапам нормално. Во корито се бањаме, а топлам вода на плинска боца... Седевме без струја, се дури не се приклучив на групата за самохрани мајки Една може! (One can!), каде сите си помагаат.

Им пишав на жените за мојата ситуација, па една од нив ме посети, им  плати за приклучок во ЕВН. Ми носи по некоја жена по нешто, која колку може, и благодарна сум, ама не е тоа решение... Храна немаме доволно и многу ни треба! Побарав и ако некој има, да ми даде шпорет на дрва, онаков што има и рерна, за кога пак ќе ми ја исклучат струјата, да можам да им зготвам јадење на децава, да стоплам вода...

Ако има некој завеси или комарници за вратите, би ми завршиле работа, да не нè јадат комарци и муви. Немам ни правосмукалка за чистење, а со метла не можеш сè да исчистиш. И миксер добро би ни дошол. Немаме ни... Всушност, што имаме? Секој кој сака и може – нека помогне. Ќе примам сè што ќе ми се понуди.

Сакам да можам да работам и сама да си купам што ми треба! И за мене и за децата. Барам работа за од септември. Тогаш планирам да ги пратам децата во градинка. Би работела како продавачка, би чувала деца, би чистела некаде... сè би работела, сè што е нормално и чесно...“

 

ЦИВИЛ – Центар за слобода ја покрена новата Инцијатива „Една може!“ (Një mundet! / One can!) за поддршка на самохраните родители, во чиј состав е и Групата за поддршка на самохраните мајки. Најголем дел од самохраните родители се мајки, кои покрај егзистенцијалните проблеми, често се и жртви на семејно насилство, на односот на семејството и на средината кон нив, но и на мобинг на работното место и на индолентноста на институциите на локално и на државно ниво.

Објавувањето на селектираните и редактирани исповеди на самохраните мајки, кои токму од горенаведените причини сите побараа да им се заштити идентитетот, е само првиот чекор на ЦИВИЛ – Центар за слобода, за соочување на јавноста со секојдневните проблеми на самохраните мајки. 

Print Friendly, PDF & Email