Новинари и активисти едногласно бараат оставка од Пешевски!

Новинари, колумнисти и активисти денес пред Владата мирно изразија револт од вчерашниот физички напад на вицепремиерот Владимир Пешевски врз уредникот на порталот „Мактел“, Саше Ивановски поради поставено прашање на јавен простор. Членовите на Новинарскиот пленум, велат дека за физичкиот напад поради поставено прашање, најмалку што може вицепремиерот Пешевски да направи е - да поднесе оставка.

„Саше Политико едноставно, има право на активизам, со ништо не го загрозил Пешевски и не заслужува физички напад. Поскандалозно од однесувањето на Пешевски е соопштението на ВМРО-ДПМНЕ кое го охрабрува таквото насилство на некој начин, бидејќи во соопштението меѓу редови се кажува дека тој тоа го заслужил. Тоа значи дека таквото соопштение ги охрабрува сите да се справуваат со неистомислениците на начин на кој Пешевски се справи со Ивановски“, рече Ида Протуѓер, новинарка и член на Пленумот.

Пред Владата се обрати и Сашо Ивановски, кој најави дека ќе побара заштита од амбасадорите на САД и ЕУ, бидејќи не се чувствувал безбеден.

ЦИВИЛ – Центар за слобода уште вчера најостро го осуди актот на насилство на вицепремиерот врз новинарот, откако во строгиот центар на Скопје,, Пешевски се нафрли врз Ивановски само затоа што не му се допаднало прашањето кое му беше поставено. „Ова е невидено вандалско однесување кое не му прилега никому, а најмалку на висок владин функционер. Бараме јавно извинување од вицепремиерот Пешевски, а од полицијата бараме поведување на соодветна постапка по службена должност“, се вели во соопштението на ЦИВИЛ Медиа.

DSCN1190Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ)   и Здружението на новинари    (ЗНМ) ја  изразија својата згрозеност и го  осудија обидот за физичка пресметка на вицепремиерот со   новинарот,  во  моментот кога тој се обидувал да го снима и да му поставува провокативни прашања.   ССНМ смета дека без  оглед на провокацијата, носител на висока државна функција, не смее да си     дозволи напад врз некого што  прашува, независно дали тоа е обичен граѓанин или некој што се    претставува како новинар.

 „Поради тоа сметаме дека Пешевски треба да биде повикан на  одговорност и во најмала рака да    поднесе  оставка. ССНМ се  приклучува на реакциите на згрозеност на медиумската заедница од    постапката на Пешевски кои произлегуваат од долгогодишната  фрустрација на новинарите кои, соочени со „тематски“ прес  конференции, игнорирање и етикетирање , се оневозможени да ја  извршуваат својата работа професионално и одговорно“, соопшти новинарскиот синдикат.

Од ЗНМ изјавија:„Вицепремиер очајнички се обиде со тупаници да замолчи новинари да не поставуваат незгодни прашања на власта и насилно да ја ограничи слободата на медиумите. Го повикуваме Пешевски веднаш да поднесе неотповиклива оставка затоа што веќе е недостоен да извршува таква висока функција во владата. Очекуваме државниот јавен обвинител Марко Зврлевски да покрене постапка против Пешевски заради физичкиот напад врз новинарот Ивановски.“

Денес и Советот за етика во медиумите на Македонија најостро го осуди физичкиот напад на вицепремиерот Пешевски врз уредникот на порталот „Мактел“. Советот очекува Пешевски да поднесе оставка, како чин на преземање на одговорност и одлика на демократичност: „Како тело кое е одговорно за воспоставување на процесот на саморегулација во македонските медиуми, залагајќи се за што повисок степен на одговорност кај новинарите и почитување на новинарските стандарди во нивното известување, се прашуваме - како истите да се наметнат во општество во коешто носителите на јавна функција физички напаѓаат заради поставено прашање!?“

 

 

 

Print Friendly, PDF & Email

Оваа вест е достапна и на: Albanian