Прекин на насилството и итни мерки за смирување на состојбата

Набљудувачите на Цивил јавуваат за ескалација на ситуацијата и пукотници на протестите во близина на скопските судови. Откако била каменувана зградата на Основниот суд, демонстрантите се упатиле накај Владата по што била спречена од вооружените полициски единици кои интервенирале со димни бомби и тешки оклопни возила.

Протестот „Против монтираните случаи“, е организиран преку социјалните мрежи по изречените казни доживотен затвор за шестмината обвинети во случајот „Монструм“.

Цивил апелира до сите граѓани и до полицијата за воздржување од употреба на оружје и насилство. Апелираме до сите политички елити да излезат со заедничка изјава и да преземат итни чекори за смирување на состојбата.

Протести, 04/07/2014

Print Friendly, PDF & Email

Оваа вест е достапна и на: AlbanianEnglish