Професорите деградирани со екстерното тестирање

Со професорот Ацо Ѓуроски од Струга, во рамките на иницијативата Социјална правда сега!, разговаравме за невработеноста, за партиското вработување, за проблемите на професорите и за развојот на туризмот.

Според него, професорите се деградирани преку екстерното тестирање, а Министерството за образование и наука не ги почитува договорите и наоѓа изговори како да ги казни. Ѓуроски потенцира дека состојбата во училиштата е страшна, а младите само гледаат да завршат училиште и да заминат во странство на работа.

„Во Струга вработувањето оди со партиски книшки, без разлика на квалитетот и образованието, структурата и знаењето. Со вакво вработување имаме скапана и нефункционална администрација која не може да излезе во пресрет на барањата на граѓаните“, изјави Ѓуроски за ЦИВИЛ Медиа.

 

Прилогот го подготви редакцијата на ЦИВИЛ Медиа.
Новинарки: Арбана Ќерими и Биљана Јордановска
Уредник: Синиша Станковиќ

Прилогот е дел од проектниот сегмент Street Media и е дел од активностите на Иницијативата Социјална правда сега!Иницијативата ја спроведува ЦИВИЛ - Центар за слобода со поддршка од Фондацијата Фридрих Еберт.

 

Print Friendly, PDF & Email