Охрид и Струга: Социјална правда сега!

Иницијативата Социјална правда сега! го продолжува својот карван во Охрид и Струга. Вести за социјална (не)правда во својот град, охриѓани ќе имаат можност да ги гледаат во живо на плоштадот „Крушевска република“, кај стариот чинар, на 30 јуни со почеток во 20:30 часот, а стружани на 1 јули пред хотелот Белград со почеток во 20:30 часот.

ЦИВИЛ – Центар за слобода заедно со Македонската платформа против сиромаштијата ја поведоа иницијативата со цел да се разоткрие тешката социјална положба во Македонија, посебно на локално ниво. Цивил Медиа и во овие два града ќе продолжи да продуцира видео прилози кои објективно ќе ја информираат јавноста за кршењето на човековите и работничките права.

Ги покануваме сите граѓанки и граѓани од Охрид и Струга, како и локалните медиуми, да дојдат и да ја искористат можноста за споделување на свои мислења, ставови и лични искуства и неправди преку отворен микрофон.

Во интерес на објективното информирање и медиумската слобода, редакцијата на Цивил Медиа ја користи методолошката алатка STREET MEDIA. Тоа подразбира снимање и продуцирање на видео проекции, „вести во живо“, на плоштадите низ Македонија.

Инцијативата Социјална правда сега! им овозможува на присутните да учествуваат со прашања и кометари за социјалните проблеми во нивните средини на кои им одговараат претставници на граѓанското општество.

За иницијативата:

 СОЦИЈАЛНА ПРАВДА СЕГА! е иницијатива на организации на граѓанското општество засегнати со растечките проблеми во сферата на социјалната правда во Република Македонија. Неа ја сочинуваат ЦИВИЛ – Центар за слобода и Македонска платформа против сиромаштија (МППС), активисти за човекови права и експерти. Иницијативата е поддржана од Фондација Фридрих Еберт.

 Активностите на иницијативата се состојат во јакнење на јавната свест и застапување на работничките права, синдикализмот, подобрување на легислативата за нивна заштита и нејзина доследна имплементација.  Иницијативата СОЦИЈАЛНА ПРАВДА СЕГА! се залага и за заштитата на другите социјални и општествени категории како што се хонорарците, младите, стечајните работници, социјално загрозените и низа други социјални групи во општеството кои секојдневно се соочуваат со грубо кршење на нивните социјални права и со дискриминација од институциите на централно и локално ниво и работодавачите.

 Иницијативата е отворена за организации, граѓански групи и поединци кои се залагаат за социјална правда.

Print Friendly, PDF & Email