Струмичани подготвени за граѓанско новинарство

Во рамките на проектот „Граѓански објектив“ ќе се одржи четвртиот семинар, овој пат, во Струмица на 28 и 29 ноември, во хотелот „Есперанто“. На семинарот можат да се пријават жители на Струмица, Гевгелија, Радовиш, Валандово, Богданци, Василево, Дојран, Босилово, Ново Село и Конче. Пријавувањето е до 26 ноември (четврток) пополнувајќи го онлајн формуларот  или на [email protected].

CLP logo 01

Секој учесник кој ќе ја заврши обуката ќе добие и сертификат.

Досега, се одржаа семинари во Скопје, Велес и Битола, на кој учествуваа над 60 граѓан(к)и од тие региони.

Во проектот „Граѓански објектив“ можат да учествуваат сите полнолетни граѓанки и граѓани на Република Македонија, со фотографии, видео и аудио снимки и текстови за сите видови закани, уцени, корупција во изборен контекст и кршење на гласачкото право. Секој месец, петте најуспешни трудови ќе бидат наградувани со вредносни ваучери за набавка на фото/видео и компјутерска опрема. Највисоката награда на месечно ниво е 110 долари!

Секој што има паметен телефон, фотоапарат или камера од каков и да е вид, може да биде граѓански новинар и повикан е да се вклучи во нашиот проект.

„Граѓански објектив“ е проект во кој се комбинираат истражувањето, медиумските активности и активизмот, кои се основа за дологорочно изборно набљудување. Овој проект ќе придонесе кон развој на граѓанското новинарство во земјата.

Намената на проектот е да се идентификуваат и обелоденат случаите на кршење на гласачкото право во интерактивна и динамична активност која ќе ги вклучи активистите за човекови права, медиумите и општата публика, со прибирање фотографски, видео, аудио и пишан материјал, кој ќе послужи како основа за понатамошно набљудување, анализа и известување за изборниот процес.

Проектот е поддржан од фондацијата National Endowment for Democracy.

Print Friendly, PDF & Email