ТЕРОР ВРЗ СЛОБОДАТА НА ИЗРАЗУВАЊЕ

ЦИВИЛ – Центар за слобода изразува длабоко сочувство и поддршка до граѓаните на Франција по вчерашниот терористички напад на сатиричниот француски неделник „Шарло Ебдо“ во кој имаше 12 жртви, новинари и полицајци. Изрази на сочувство и поддршка, Цивил упатува и до сите членови на семејствата на загинатите и нивните колеги и пријатели.

Овој терористички чин претставува директен напад врз слободата на изразување и слободата на медиумите.  Ваквиот варварски чин  покажува уште еднаш дека оние кои силно и посветено се борат за слободата ја плаќаат највисоката цена.

Je Souis CharlieФранција е во шок, но и целот свет. Слободното новинарство ваквото насилно пресметување го смета за личен напад на секој човек кој држи до достоинството, слободата и почитувањето на човековите права и слободи.

Стотици илјади луѓе вчера излегоа на улиците на Париз и други градови ширум светот со црни ленти на кои пишуваше„Je suis Charlie“ (Јас сум Шарли) и на тој начин ја искажаа својата поддршка, но и револт против овој грозоморен чин. Користејќи ги хаштагоовите #JeSuisCharlie, #CharlieHebdo, #IamCharlie, новинарите од целиот свет преку социјалните мрежи  ја искажуваат својата поддршка, солидарност, тага и револт.

ЦИВИЛ ги повикува сите граѓанки и граѓани да земат учество во поддршка и солидарност преку испраќање на свои пораки и фотографии на нашата фејсбук страница или по електронска пошта, на [email protected].

ЦИВИЛ - Центар за слобода

Print Friendly, PDF & Email

Оваа вест е достапна и на: English