Карпошани денес, во 12 часот го блокираа булеварот „Партизански одреди“, револтирани од Општината која во континуитет ги игнорира нивните барања за сочувување на зелените површини за доброто на граѓанките и граѓаните. Промената на деталните урбанистички планови на Општина Карпош, кој предвидува изградба на објекти и паркинизи на местото а зеленилото, ги собра карпошани на протест и оваа сабота.
Прашањата кои ги упатија до градоначалникот Стевчо Јакимовски дали зеленилото, парковите, чистиот воздух и здравјето на жителите на Карпош, на сметка на усвоените дупови ќе бидат промашени инвестиции и обид за вадење на општината од банкрот и дали е свесен дека ако се реализираат усвоените планови, 5 000 карпошани ќе мора да се иселат поради лошите услови за живот.
Жителите на Карпош протестот го проследија со скандирање: „Карпош не го даваме, Стевчо го продаваме!“ и „Уа мафија!“.