Во организација на Советот за етика во медиумите на Македонија – СЕММ, денес во просториите на ЕУ Инфо центарот во Скопје се одржа потпишување на Повелбата за етичко известување за изборите од претставници на шеесеттина печатени и електронски медиуми.
На настанот говореа Марина Тунева, извршен директор на Советот за етика во медиумите на Македонија, Драган Антоновски, заменик-претседател на Самостојниот синдикат на новинари во Македонија и Мирче Адамчевски, претседател на Комисијата за жалби при СЕММ, кои се заложија за афирмирање на етиката и професионалноста во известувањето за време на изборите.
Претседателот на Комисијата за жалби при СЕММ Адамчевски, потенцираше дека принципот на етичко известување не треба да се почитува само за изборите, туку треба да е општеприфатен од новинарите и медиумите.
Текстот на денес потпишаната Повелба се заснива на најважните универзални принципи на професијата, еднакво важни во секакви околности, а особено за време на изборите.
Оваа вест е достапна и на: Albanian