Анкета на ЦИВИЛ: Власта го опструира Договорот од Пржино!

Повеќе од 80 отсто од граѓанките и граѓаните кои учествуваа во онлајн анкетата на ЦИВИЛ-Центар за слобода, сметаат дека власта го опструира исполнувањето на Договорот од Пржино, а речиси сите анкетирани (89 отсто!) одговориле дека институциите и администрацијата се злоупотребуваат во партиски цели.

Во периодот од 22-ри февруари до 1-ви март, ЦИВИЛ ја спроведе третата онлајн анкета со наслов: “Договорот од Пржино и изборите”. Анкетата е дел од проектот „Слободни избори за слободни граѓан(к)и“, на која учествуваа 856 испитаници.

Сите анкетирани имаа можност да одговорат на 10 прашања поврзани со имплементација на Пржинскиот договор и претстојните, предвремени парламентарни избори.

Во периодот кога се подготвуваа прашањата и анкетата беше во тек, сé уште 24-ти април, беше термин предвиден за изборите.

На прашањето - Дали се создадени услови за одржување на слободни и фер избори на 24-ти април? - дури 86 отсто анкетирани, одговорија дека условите не се исполнети. Истиот процент на испитаници одговорија позитивно на прашњето - Дали сметате дека изборите треба да се одложат и одржат откако ќе се прочисти Избирачкиот список и ќе се спроведат реформи во медиумите?

Речиси сите анкетирани (89 отсто) одговориле дека институциите и администрацијата се злоупотребуваат во партиски цели.

44 проценти од испитаниците кои учествува во онлајн анкетата на ЦИВИЛ, се задоволни од работата на министрите и дополнителните заменик-министри предложени од опозицијата. Останатитеанкетирани се со поделени одговори, дел не се задоволни, а останатите – 27 отсто, не знаат како да одговорат на ова прашање.

Две третири од испитаниците – 66 отсто, досега не биле подложени на притисок од претставник или активист на политичка партија. Спротивно од тоа, речиси една третина од анкетираните, трпеле притисоци.

Специјалното Јавно обвинителство - СЈО, добива висок степен на поддршка во својата работа (88 отсто). Во тој контекст, најголем број од испитаниците, сметаат дека работата на СЈО е попречувана.

Проектот „Слободни избори за слободни граѓан(к)и“ е финансиран од Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија.

Оваа вест е достапна и на: Albanian