Директор на Токсикологија насилно исфрлил лекар од состанок!

По вчерашниот инцидент на Клиниката за токсикологија во Скопје,  д-р Нестор Поповски шефот на интензивна нега на оваа клиника, денеска сведочеше за ЦИВИЛ. Како што вели Поповски, лекар со 37 годишно работно искуство, економскиот директор Никола Ташев вербално го навредил и физички го исфрлил од состанок.

Според  докторот, инцидентот настанал без причина. Утрото пред инцидентот, група лекари барале состанок со Ташев за да му посочат одредени проблеми во работењето на клиниката, но тој не ги примил. Потоа, попладнето, Ташев ги свикал на состанок, кој според сведоштвото на Поповски, завршил со агресија. И покрај инцидентот, доктор Поповски не сака да поднесува тужби ниту кривични пријави, но решил да го пријави случајот во професионалните лекарски здруженија, раководството на Клиничкиот центар и синдикатот.

Погледнете го целото сведоштво на д-р Поповски.

[youtube width="600" height="400"]https://www.youtube.com/watch?v=iexCXgPBTws[/youtube]

 

Оваа вест е достапна и на: Albanian