Злоупотреба на лични податоци во Битола!

Во извештајот што граѓанскиот новинар од Битола, кој сакаше да остане анонимен, го испрати до ЦИВИЛ Медиа, се посочува случај за злоупотреба на теренската проверка, наводно во име на ДИК.

„Kога ја забележавме нашата адреса на списокот на лица со неконзистентни записи кои се проверуваа на терен, ни беше чудно, со оглед на тоа дека цел живот живееме на иста адреса и никогаш немало ништо спорно. Тоа беше и утврдено по спроведената теренска проверка од анкетари на Државната изборна комисија, во мојот дом во Битола. Но, следниот ден, мојата роднина со која заедно живееме, доби телефонски повик.

12999721_10153725121613740_1860936290_o

                                                                 Шалтер во УВМК

Лицето кое се претстави дека е од ДИК, и кажа да ги земе личните карти од сите членови во семејството, со исклучок на мојата и на сестра ми, и да ги однесе во канцеларија во Управата за водење на матични книги - УВМК. На тој начин, наводно требало да се дополнат некои информации кои се пропуштиле за време на теренската проверка. Кога мојата роднина пристигнала на шалтерот каде и било посочено да оди, вработениот и рекол: ‘Девојче не сте единствена која доаѓа тука, на многу други исто така им се јавуваат, со исто објаснување. Најверојатно некој ги злоупотребува личните податоци кои беа објавени на страната на ДИК’“, ни пишува битолскиот граѓански новинар.

„Вработениот и објаснил на мојата роднина дека таму не се врши дополнување на било какви информации, затоа што тие веднаш по завршувањето на теренската проверка анкетните листови ги испратиле во Скопје, за што како доказ и го покажал и е-маилот со испратените информации“, се вели во извештајот на граѓанскиот новинар

Кога граѓанскиот новинар лично отишол да провери за што се работи, затоа што го загрижил фактот дека некој така лесно ги злоупотребува личните податоци, вработениот во АВМК му го повторил истото - дека се работи за некаков проблем, кој не е поврзан со теренската проверка на ДИК, и најверојатно дека зад сето тоа стои некој кој нелегално злоупотребува лични податоци.

civiv-lenses-logo-en-copyОваа содржина се објавува во рамките на третиот круг од натпреварот „Биди граѓански новинар“ на проектот Граѓански објектив на ЦИВИЛ, поддржан од National Endowment for Democracy. Содржината на овој прилог е минимално редактирана од редакцијата на ЦИВИЛ Медиа, соодветно на концепцијата на проектот и на веб страницата.