На контрапротестот се пееше „Никој не ти може ништо, Никола!“

Контра-демонстрантите во групи од по стотина лица, минатата вечер, се движеа кон седиштето на СДСМ на Бихаќка во Скопје, за да го искажат, како што велат, „незадоволството од аболицијата на Зоран Заев и на Зоран Верушески“.

Според пораки на социјалните мрежи и телефонски јавувања од граѓани до нашата дежурна екипа во седиштето на ЦИВИЛ, поддржувачите на ВМРО-ДПМНЕ околу 20 часот, броеле околу две илјади лица.

„Никој не ти може ништо, Никола“, на цел глас извикуваа контра-демонстрантите, во исчекување на настапот на членовите на Граѓанското движење за одбрана на Македонија (ГДОМ), кое го формираа апологети на политиките на ВМРО-ДПМНЕ.

До 22:30 часот, ситуацијата беше мирна и контра-демонстрантите не се обидувале да го поробијат полицискиот кордон пред Бихаќка.