Починати лица сé уште се на Избирачкиот список

Втор ден од објавувањето на Избирачкиот список на јавен увид, а пријави за грешки постојано пристигнуваат на адресата на ЦИВИЛ – Центар за слобода.

Последниот повик кој ЦИВИЛ го доби од Прилеп, се однесува на лице кое починало во јануари минатата година, а сé уште е на списокот на гласачи.

вдф

“И покрај тоа што мојот татко е починат повеќе од една година, неговото име беше на списокот на гласачи кој беше објавен на веб-страницата на ДИК. Кога го увидов проблемот, веднаш доставив електронско барање, во кое наведов дека татко ми е починат, за што ги имам сите потребни законски докази, и побарав да биде тргнат од списокот на гласачи”, се вели во пријавата на граѓанинот испратена до  ЦИВИЛ.

“По објавувањето на Избирачкиот список на јавен увид, се уверив дека ДИК не постапиле по моето барање и мојот татко сé уште е дел од гласачите во Македонија, иако е починат“, објаснува загрижениот и револтиран прилепчанец.

Оваа вест е достапна и на: Albanian