Со силно полициско обезбедување и со пиштоли на готовс, приведен е возачот и совозачот на комбето на Шарената револуција, непосредно по завршувањето на денешниот протест под мотото „Хорхе, ти си срам за Македонија!“. Тие се приведени во полициската станица „Пролет“.
За време на протестот, меѓу полицајците во кордонот кој ја обезбедуваше Триумфалната имало припадници на припадници на Единицата за брзо распоредување (ЕБР), а во ГТЦ забележани се вооружени цивили.
Во моментов, пред полициската станица Пролет се собираат активисти во знак на поддршка на приведените.
Вооружени цивили со исукани пиштоли има и пред полициската станица.
(Фотографиите и првичните информации ги добивме од граѓанската новинарка Наталија Попоска. Набљудувач на ЦИВИЛ ги потврди информациите од лице место.)