Граѓаните од Тафталиџе го бранат паркот од општинските власти

Граѓаните од скопската населба „Тафталиџе“ 1, во Општината Карпош, во неделата се собраа да го изразат своето незадоволство и револт против самоволието на општинските власти, кои сакаат да го узурпираат нивниот парк и да го уништат зеленилото со изградба на станбена зграда.

Жителите на населбата и со петиција решија да и се спротистават на неправдата што им се нанесува. Според претставници на граѓаните, петицијата ја потпишале голем број соѓраѓани од целата општина кои сакаат да го заштитат зеленилото. Како дел од протестот на граѓаните,во неделата бил организиран и музички хепенинг со DJ Irie Scratch и Beta House, на големо задоволство на помладите жители.

Граѓаните се надеваат дека протестот и петицијата ќе вродат со плод и дека ќе успеат да го заштитат својо парк, кој им служи за одмор и рекреација.

[huge_it_gallery id="2"]

 

Даниел Аврамов


civiv-lenses-logo-en-lf-500x414
Оваа содржина се објавува во рамките на четвртиот циклус од натпреварот „Биди граѓански новинар“ на проектот „Граѓански објектив“ на ЦИВИЛ, поддржан од National Endowment for Democracy. Содржината на овој прилог е минимално редактирана од редакцијата на ЦИВИЛ Медиа, соодветно на концепцијата на проектот и на веб страницата.

Оваа вест е достапна и на: Albanian