ЦИВИЛ - Центар за слобода ги повикува сите заинтересирани граѓанки и граѓани да се пријават за учество на обука за граѓански новинарки и новинари што ќе се одржи во сабота, на 11 јуни, во хотелот Сити Парк, со почеток во 10:30 часот. Обуката е од затворен карактер и сите пријавени граѓан(к)и кои ќе ја завршат обуката, ќе добијат можност да учествуваат со своите прилози и на наградниот конкурс за најдобри прилози на граѓански новинарки и новинари.
Истиот ден во 18:00 часот, ќе се доделат наградите на ЦИВИЛ за граѓански новинарки и новинари од четвртиот награден циклус на натпреварот „Биди граѓански новинар“ од проектот „Граѓански објектив“. Една од наградите ќе биде резервирана за видео, фото или аудио материјал од учесниците на обуката, од нивните дневни, двочасовни теренски активности. Останатите прилози од обуката, ако ги исполнуваат критериумите, ќе влезат во конкуренција за награда во наредниот награден циклус.
Наградите се пет вредносни ваучери, а првата награда е во противредност од 110 долари.
Под мотото „Бори се против апатијата, рокот истекува на 9 јуни!“, ЦИВИЛ им нуди бесплатна можност на кандидатите да се стекнат со теоретски и практични знаења за граѓанското новинарство, видео активизмот и низа други интересни области.
[huge_it_gallery id="6"]
Сите заинтересирани граѓанки и граѓани кои сакаат да го проверат својот талент за новинарство и да дадат придонес, можат да се пријават до 9 јуни, на [email protected], едноставно, со мотивациско писмо до 420 знаци (колку три твита), точно име и презиме, телефонски број и линк до Фејсбук профилот на кандидат(к)ите. Бројот на учесници е ограничен.
Снимките, фотографиите и текстовите не мора да бидат високопрофесионални, бидејќи пресуден критериум е информацијата, а може да се однесуваат на различни видови на закани, уцени, дискриминација, поткуп, притисоци, злоуптреба на јавни ресурси и други нерегуларности.
Задолжително е материјалите кои ќе ги испраќате да бидат придружени со контакт на авторот, опис на времето, местото, текот на настанот и учесниците во самиот настан. Авторите и лицата кои се вклучени во прилозите може да останат анонимни, во зависност од договорот со нив.
За пристап до ФОРМУЛАР ЗА УЧЕСТВО кликнете ТУКА. Прилозите може да се испраќаат и на [email protected], а доколку материјалот е преобемен, треба да се користат онлајн сервисите за трансфер, како WeTransfer.
Проектот Граѓански објектив е поддржан од National Endowment for Democracy
Оваа вест е достапна и на: Albanian