Зацврстување на „љубовта“ меѓу МВР и провладините медиуми?

На Интернет портaл што е под строга контрола на власта, беа објавени снимки од вчерашниот протест на Шарената револуција, кога демонстрантите ја боеја улицата пред Собранието на Република Македонија. Порталот што ја објави снимката, напиша дека „дошле до снимките“, меѓутоа, не наведе како и од кого го добиле видео материјалот?

 

infomak print skrin

Според аголот на снимањето, на социјалните мрежи граѓан(к)ите обвинуваат дека тоа се снимки од камерите на Министерството за внатрешни работи,  поставени на бандерите пред Собранието.  "Чавков снима, Инфомакс објавува! Снимки од безбедносни камери завршуваат на приватни портали, ВМРО-МВРО пак си тера по старо“, напиша активистот Драган Додевски на својот Фејсбук профил.

 

dacko

Од Фејсбук профилот на активистот Драган Додевски

Адвокатката Сандра Гавриловска, за ЦИВИЛ Медиа изјави дека МВР има право да им дава снимки на медиумите, но, дека медиумите мора да го наведат изворот од каде потекнуваат снимените материјали што ги објавуваат.

Се поставува прашањето: дали МВР и провладините медиуми ја зацврстуваат својата соработка? Граѓаните веќе имаа можност да слушнат преку „бомбите“ - прислушкуваните разговори кои ги објави опозицијата, како претставници на власта, сопственици и главни уредници на диригираните медиуми, се договараат за присуство на селектирани новинарски екипи при спектакуларните полициски акции за апсења на неистомислениците и на критичарите на власта.

Од МВР не ни одговорија на пораката што ја испративме во врска со спорните снимки од вчерашниот протест пред Собранието на Шарената револуција.

ЦМ

Оваа вест е достапна и на: Albanian