Пратениците поделени за одговорноста на Иванов

Претседателот Ѓорге Иванов, денеска не се појави во Собранието, за пред пратениците да ја објасни својата одлука за аболиција на 56 лица против кои се води кривична постапка. Оваа негова одлука беше причина за покревање на постапка за утврдување на неговата одговорност. 

Untitled

Пратениците од власта и од опозицијата со спротивни ставови во врска со импичментот за Иванов. СДСМ побара оставка од претседателот, и парламентарни избори наесен, кои ќе се одржат заедно со претседателските.

„Иванов треба да сноси одговорност за злоупотребите во својата функција. Амнестијата е во надлежност на Собранието, а не кај претседателот. Со тој упад во работата на Собранието, тој го прекрши Уставот. Аболицијата ја направи надвор од законските норми, со укинат член уште во 2009 година", појасни Рената Дескоска, образложувајќи го предлогот за импичмент на Иванов.

xcv

Претседателот на Комисијата која требаше да ја оценува основаноста за покренување на постапката, Зоран Илиевски, соопшти дека за Комисијата - предлогот не е основан. Комисијата е составена од 11 членови, во која мнозинство се пратениците од владејачката партија.

Одлуката за почнување постапка пред Уставниот суд за утврдување на одговорност на претседателот, треба да ја донесат  две третини од вкупиот број пратеници, односно, најмалку 82 пратеника. Се очекува расправата да трае долго, затоа што се пријавени за збор 80 пратеници.

13055765_955247861260350_2218074716732916159_o-470x246

 

Покрај тоа што предизвика покренување на постапка за одговорност на Иванов, одлуката за аболиција е причина и за двомесечните протести на Шарената револуција, кои во форма на протести, блокади и герила-акции се одвиваат на улиците на градовите низ Македонија од 12-ти април.

ЦМ

Оваа вест е достапна и на: Albanian