ЦИВИЛ промовира сеопфатна публикација за #СлободниИзбори

ЦИВИЛ организира завршна церемонија и промоција на публикација , во рамките на проектот „Слободни избори за слободни граѓан(к)и“, на 12 јули (вторник), во хотелот „Опера Хаус“, со почеток во 11,00 часот.

Настанот го одбележува крајот на проектот поддржан од Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија, кој започна на 1 јули 2015 година, а заврши на 30 јуни, 2016 година.

01_FEFC_publication_MK - C

Целта на проектот е да се обезбеди основа за долгорочен мониторинг и анализа на политичките и општествените процеси поврзани со изборите, особено со правото на глас и човековите права и слободи во целина. Исто така, проектот претставува извор за граѓанско образование, подигање на свеста и вклучување на граѓани(к)те за да се обезбедат фер избори. Публикацијата, како еден од резултатите на проектот, ќе ги претстави извештаите и анализите од нашите наоди, и на истражувачките активности во рамки на проектот.

Ние веруваме дека овој проект, кој е комплементарен со проектот НАПРЕД, што е во тек,  поддржан од германски средства од Пактот за стабилност, е многу успешен и публикацијата, исто така, ги  одразува  сите наши напори во изминатите 12 месеци.

Како документ, публикацијата, сигурно ќе послужи како важна препорака и извор на информации за граѓанското општество, политичките партии и меѓународната заедница во рамките на напорите за создавање на услови за слободни избори, како и да придонесе за процесот за надминување на политичката криза во земјата.