Кога Груевски е во Крушево, не смее ни врапче да прeлета без дозвола на активистите на ВМРО-ДПМНЕ!

Претседателот на ВМРО - ДПМНЕ, Никола Груевски, по враќањето од свадбата во Италија, викендов беше во посета на Крушево. За време на неговата посета, активистите од Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ од Крушево, насилно го симнаа транспарентот од седиштето на ОО на СДСМ во Крушево, на кој пишуваше „Шутка не ти бега, Никола!”

„Вработени во полиција и во шумарство, како поттикнувачи на ваквиот нецивилизиран чин, а извршувач е УМС на ВМРО-ДПМНЕ, Крушево“, обвинуваат од СДСМ.

transparent 2

И како овој вандалски чин да не бил доволен, активистот и долгорочен набљудувач на ЦИВИЛ Центар за слобода, Сотир Габелоски од Крушево, во саботата бил нападнат од активистите на ВМРО-ДПМНЕ, додека го чекале Груевски да го посети градот.

13327518_10206233193644229_4922367779894822307_n

„Лице вработено во државно претпријатие и близок член на ВМРО-ДПМНЕ од Крушево, користејќи пцости и изрази како - 'Ќе ти ја извадам душата ако напрај'ш некој кикс!', беше решен физички да ме нападне додека околу него, грбот му го чуваа членови на ДПМНЕ кои беа собрани да го пречекаат нивниот лидер, Никола Груевски. Градоначалникот Ѓорѓи Дамчески и претседателот на ОО на ВМРО-ДПМНЕ од Крушево, Нико Чонески да си ги смират своите горили кои мислат дека се сопственици на градот и да понесат одговорност за овие настани. Ова е срам за градот, ова е срам за крушевчани, ова е срам над срамовите!“, напиша на својот блог Габелоски.

Од општинската организација на СДСМ од Крушево велат дека нервозата и паниката на послушниците на Груевски најдобро се манифестираа со симнувањето на транспарентот. Тие посочија дека Груевски не можел да ги посети најавените, но нереализирани проекти.

13600108_10154282484297716_5413558131066273449_n

„Тоа што насилно го симнаа транспарентот 'Шутка не ти бега Никола!' нема да ја промени реалноста. Одговорност за криминалите ќе има! Груевски не можеше да ги посети ветените тениски игралишта, затворениот базен, фабриката за доматно пире, новата спорстка сала, трговскиот центар, старскиот дом и други... Затоа што сите овие пропаднати проекти се негови пропаднати ветувања!“, велат од СДСМ, Крушево.

Од СДСМ обвинија дека Крушево во 21 век живее без многу работи што се насекаде нормални, а младите го напуштаат градот оти повеќе не може да ги чекаат виртуелните инвестиции - ветени од Груевски.

Д. Муратов