„Многу семејства во загрозените подрачја од поплавите, не добиле се уште никаква хуманитарна помош. Црвен Крст очигледно не може да го покрие теренот и да им понуди помош на сите граѓан(к)и“, изјави во интервју за ЦИВИЛ Медиа, Драган Додевски, граѓански активист и еден од иницијаторите на хуманитарната акција на социјалните мрежи, за донации на настраданите семејства, денеска на отворениот пункт пред маркетот Веро-Џамбо
„Граѓаните се дезориентирани и чудно е како нам ни сугерираа да ги прекинеме активностите, со тврдење дека тие (Црвениот Крст - н.з) ќе направат се што е потребно. Од терен стигнуваат гласини, дека донациите се злоупотребуваат и дека помош се дели во некои населени места, само по партиска основа. Веќе трет ден, со донациите на хуманите граѓани, постојано собираме и дистрибуираме хуманитарни пратки, со вода, храна, средства за хигиена и облека за помош на настраданите семејства. Досега испратени се преку 50 камиони. Институциите треба да дејствуваат со целиот капацитет. Евидентно е дека нешто не функционира“.
Моника Талеска
Камера: Атанас Петровски
Оваа вест е достапна и на: English