„Во отсуство на медиуми што известуваат објективно и независно, проектот 'Граѓански објектив' претставува одлична можност и простор и за искусните новинари да објавуваат прилози кои се однесуваат на прекршувањето на човековите права“, смета новинарот Зоран Милошоски, добитник на првата награда во јулскиот циклус од натпреварот „Биди граѓански новинар“, за прилогот Прилеп: Партиско – новинарска „коалиција“ ја уредува општинската веб – страница
Со Милошоски разговаравме, за значењето на проектот и за потребата од поголема вклученост на граѓанките и граѓаните кои иако немаат професионално новинарско искуство, на овој начин можат да влијаат и врз подобрување на состојбите во медиумската сфера.
Натпреварот „Биди граѓански новинар“, е дел од проектот „Граѓански објектив“, финансиран од National Endowment for Democracy.
Оваа вест е достапна и на: Albanian