„Набљудуваме“ во Гевгелија, Богданци, Дојран, Валандово и Струмица  

Мобилизирање на граѓан(к)ите во мониторинг тимовите на ЦИВИЛ - Центар за слобода за следење на регуларноста на изборниот процес што треба да се заокружи со гласање на 11-ти декември, подигнување на нивото на граѓанската свест за слободно гласање, без притисоци и влијание од политичките субјекти, разговори и средби со претставници на политичките партии и на граѓанските организации, како и средби со медиумите...,  беа активностите на тимот на ЦИВИЛ, денеска во Јужна и Источна Македонија, во рамки на двата проекта - „Набљудуваме“ ("We are watching"), поддржан од амбасадата на САД и „Напред!“ ("Forward!") поддржан од амбасадата на Република Германија.

 

GevgelijaОд изутрина,  граѓан(к)ите на Гевгелија беа запознаени со целите на проектите „Набљудување“ и „Напред!“. Во неспоредни разговори, при што им беа поделени и флаери со сите информации, граѓан(к)ите беа запознаени со можностите за нивно вклучување во мониторинг-тимовите кои се формирани со цел да ја следат регуларноста на изборниот процес на цела територија на државата. Паралелно, на граѓан(к)ите им беа презентирани можностите во секој момент да ги контактираат граѓанските активисти на ЦИВИЛ - Центар за слобода, со цел да ги пријават сите нерегуларности, коишто ги регистрираат на теренот за предвремените парламентарни избори.

Bogdanci

На средбите со граѓан(к)ите во соседната општина Богданци, кога им беа презентирани информациите и целите на проектите за изборен мониторинг, жителите не ја пропуштија можноста да се пожалат на проблемите со кои се соочуваат.

„Како што се наближуваат изборите, така ќе растат и притисоците на политичките субјекти. Но, веќе сѐ ни е преку глава. Да, ќе ве контираме, и ја поздравуваме оваа можност за соработка со граѓаните“, ни рекоа жители од Богданци.

Dojran

Иако туристички центар на Македонија, денеска на улиците на Дојран беа празни. Градот оставаше впечаток на средина која едвај опстанува. Но, и тие жители со кои разговаравме, особено на градскиот пазар, покажаа интерес за соработка. Иако најголем дел од нив, сепак, одбиваа да застанат пред фотоапаратот и камерата на ЦИВИЛ.

Valandovo

Во Валандово, освен делењето флаери, промоцијата на проектот „Набљудување“ и презентирање на информации од проектот „Напред“, со цел подигање на граѓанска свест за слободно гласање на изборите, на средбите со претставници на граѓанскиот сектор, беше изразено незадоволство поради отсуство на локални медиуми. Тие побараа помош и соработка од тимот на ЦИВИЛ, со цел, како што рекоа, во ова мало гратче да се врати демократијата и слободата.

„Стравуваме да зборуваме, да не нѐ чуе 'некој'. Инспекции ќе дојдат само ако кажеме збор против власта. Медиуми нема, и никој не се интересира за граѓаните, за животот... Сите вадат бугарски пасоши и се иселуваат“, се жалеа валандовчани, додека ги читаа содржините од флаерите од проектот „Набљудување“.

Strumica mediumi

Вечерта во Струмица, медиумите покажаа особен интерес за активностите на ЦИВИЛ. Пред и по конференцијата беа остварени средби со граѓан(к)ите, поделени флаери, и воспоставени контакти со претставници  на граѓанскиот сектор.

Тимот на ЦИВИЛ утре продолжува со интензивни активности во рамки на проектите и во општините Кочани, Штип, Свети Николе и Велес.

Моника Талеска

Print Friendly, PDF & Email