ЦИВИЛ: Веднаш да престане злоупотребата на деца во изборната кампања!

ЦИВИЛ - Центар за слобода на прес-конференцијата  на 28 ноември излезе со 17 случаи на злоупотреба на малолетници во изборната кампања, а веднаш потоа, истиот ден, по повод одбележувањето на Денот на албанското знаме, но и во изборен контекст, една политичка партија изведе деца од училиште за да присуствува на нивниот собир со граѓани во Општина Сарај.

 

Со години наназад, во секој изборен циклус, децата се мета на манипулација и злоупотреби, не само за присуство на митинзите и на собирите на политичките партии, туку, и преку нив да се вршaт партиски притисоци врз родителите, професор(к)ите, учител(к)ите, воспитувач(к)ите...