ЦИВИЛ доби официјална потврда за информацијата дека е извршено апсење на две лица за поткуп на гласачи во Теарце. Неофицијалната информација која пристигна од набљудувачите на ЦИВИЛ од теренот, дека едно лице е приведено под основано сомнение за поткуп на гласачи, сега е потврдена и од официјални извори во Министерството за внатрешни работи.
ЦИВИЛ е во фаза на постизборно набљудување, а во општина Теарце распореди набљудувачи веднаш по одлуката на Управниот суд за прегласување на избирачкото место 2011, поради утврдени изборни нерегуларности.