Џабир Дерала од ЦИВИЛ, ќе се сретне со Антун Херцег од тимот на Еврокомесарот Јоханес Хан денеска во седиштето на ЕУ Делегацијата во Скопје.
Во оваа прилика, претставникот на ЦИВИЛ ќе му го врачи на претставникот на Европската Комисија извештајот од изборниот мониторинг и документ со главните наоди и препораки за итни мерки за надминување на кризата, одговорност за изборните нерегуларности и обезбедување услови за слободни избори во Македонија.
Содржината на документот ќе биде обелоденета во Парк Резиденс (зад фудбалскиот стадион) во рамките на церемонијата за доделување награди за граѓанско новинарство, со почеток во 12:30 часот.