Активностите во рамките на проектот „Сите бои на мојата земја“ продолжуваат идната недела во општина Карпош со отворени денови, кои веднаш потоа ќе се пренесат и во неколку други општини во Скопје и низ Македонија
Едукативниот проект на Цивил – Центар за слобода „Сите бои на мојата земја“ продолжува идната недела со отворени денови, првично во општина Карпош, а потоа и во неколку други скопски општини и градови низ Македонија.
Цивил на денешната (петок, 13.09.) прес-конференција одржана во „ Libraria e Çarshisë “ („Книжарница на Чаршијата“) во Старата Скопска Чаршија, информираше и за досегашните активности во рамките на овој проект, чија целна група се децата и младите, родителите и наставниот кадар, а кој има за цел јакнење на јавната свест за човековите права и толеранцијата.
Досега е реализиран конкурс за ликовни и литературни творбиза деца и млади на возраст од 10 до 18 години. Најдобрите творби ги избра стручно жири на Цивил, а над 50 младите автор(к)и на избраните дела учествуваа на трите летни креативни школи и тоа зафилмска продукција, ликовни уметности и креативно пишување кои се одржаа во Охрид во јули.
Во следната фаза на проектот, на отворените денови низ општините, ќе се реализираат нови ликовни работилници како со досегашните, така и со многу нови учесници. Понатаму, ќе се одржат и предавања за човековите права и толеранцијата, изложби, а ќе се работи и со родители и наставен кадар. Освен тоа, ќе бидат доделении сертификати за младите учесници на школите за креативно изразување, како и благодарници за менторите и училиштата кои придонесуваат за успешна реализација на „Сите бои на мојата земја“.
Претстои реализација на другите проектни компоненти, меѓу кои интерактивни предавања посветени на човековите права и толеранцијата, продукција на документарни и видео- арт филмови чии автори ќе бидат млади и неколку мултимедијални изложби.
Со овој проект, како што рече на прес-конференцијата претседателот на Цивил Џабир Дерала, организацијата останува посветена на подобрување на состојбите во образовниот процес во земјава. Тоа, пред сé, се однесува наедукацијата за човековите права, како и за толеранцијата, особено во доменот на меѓуетничките односи.
Проектот „Сите бои на мојата земја“ го имплементира Цивил- Центар за слобода, поддржан е во рамките на програмата CivicaMobilitas. Оваа програма јафинансира Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ) и ја имплементира Центар за институционален развој (ЦИРа). Проектот е можност да се започне со создавање амбиент во кој во кој ќе се цени креативноста и слободата на духот, наспроти нетолеранцијата, омразата, насилството и дискриминацијата кои се карактеристика на денешницата на Македонија.
Анушка Цветковска
Оваа вест е достапна и на: Albanian