Граѓанките и граѓаните во Свети Николе и Лозово денеска имаа можност со тимот на ЦИВИЛ да ги споделат своите размислувања и ставови, како и да ги пренесат своите пораки околу референдумот.
Во изненадувачки позитивна атмосфера, граѓанките и граѓаните во Свети Николе и Лозово ги пренесоа своите пораки јавно и беа расположени да зборуваат за референдумот и пред камера.
„Сите сме социјалци“, Што да кажам за референдумот“, „Ќе гласам за“, „Не излегувам на референдумот, причините ќе си ги задржам за себе“, „Последен воз за Европа затоа побрзајте да не го пропуштиме“, се само дел од пораките што ги упатија жителите во овие две општини.
Исто така, имаа можност да се запознаат со организацијата и нејзините активности во рамки на проектот „Гласам, значи постојам“.
Настаните се дел од проектот „Гласам значи постојам“ кој е поддржан од Амбасадата на САД во Скопје.
текст и фотографии: Биљана Јордановска