Почитувани Цивил-и,
На сите вас, ви посакувам добро здравје и голем инает и понатаму да се борите за основните човекови права на сите полиња и да не дозволите НИКОМУ да влијае врз вашата објективност. Голем поздрав и поддршка!
Ова е само една од бројните пораки кои пристигнуваат во е-сандачето на Цивил, но и во бројните лични контакти со граѓан(к)ите ширум Македонија.
Благодариме за честитките и големата поддршка која ја добиваме од многумина и ги покануваме да продолжат со својата соработка и поддршка и понатаму. Не постои поголема награда од тоа да се ужива довербата на граѓан(к)ите и да се спроведуваат активности кои придонесуваат кон јакнење на демократијата, владеењето на правото и максимално почитување на човековите права и слободи за сите подеднакво.
Воедно, апелираме до сите граѓани да разговараат за процесите и настаните во земјата, да се поддржуваат меѓу себе и да го градат духот на солидарноста и почитувањето на разликите меѓу луѓето.
Во деновите на остри политички разлики и гласни повици на поделби и раздор за време на изборниот процес, веруваме дека позитивниот пристап и отвореноста за дијалог е од особена важност и дава придонес кон кревање на нивото на политичка култура и го подобрува квалитетот на животот во земјата. Без поддршката од граѓаните, не можеме да се надеваме на успех и видливост. Ви благодариме!
Оваа вест е достапна и на: Albanian