Поаѓајќи од нашите принципи, како и врз основа на сите наши досегашни согледувања, ние донесовме одлука да ја поддржиме и да се придружиме кон граѓанската и натпартиската коалиција ГРАЃАНИТЕ ЗА МАКЕДОНИЈА, чија цел е враќање на достоинството на луѓето и за одбрана на Уставот на Републиката.
ЦИВИЛ – Центар за слобода, како организација за човекови права и слободи, во текот на изминатите неколку години јавно претстави голем број извештаи, наоди, анализи и ставови, во кои се констатираат драматични состојби во однос на демократијата, владеењето на правото и почитувањето на човековите права и слободи.
Неодамна, ЦИВИЛ излезе со резултатите од истражувањата и анализите, објавени под наслов Изборните процеси во 2013 и 2014 година се нелегитимни: „Македонија е во состојба на континуирана политичка криза, проследена со агресивна пропаганда, човековите права и слободи се загрозени, а изборните процеси во 2013 и 2014 година се нелегитимни и нивната законитост е под голем знак на прашање.“
Остануваме бескомпромисни и посветени на одбраната на човековите права и слободи, силно посветени нашата работа да ја вршиме на непристрасен начин, независно и објективно да набљудуваме и да реагираме на состојбите, без оглед на тоа со какви притисоци се соочуваме. Нашата работа е независна и од партиите и од институциите на државата.
Одлуката да се придружиме на ГРАЃАНИТЕ ЗА МАКЕДОНИЈА е во согласност со нашите принципи на работа и општествено делување. Остануваме доследни во заложбитете за слобода, правда и еднаквост.
ЦИВИЛ - Центар за слобода
Оваа вест е достапна и на: Albanian