Демонстрантите кои учествуваа на протестот на 5 мај, а се соочија со полициско насилство и незаконско притворање, беа ослободени по 24 часа притвор. Цивил Медиа разговараше со демонстрант кој беше притворен 24 часа.
[youtube]https://www.youtube.com/watch?v=8wGOXNfxm-g[/youtube]
„Кога почнаа да не потиснуваат една група на луѓе одлучивме да седнеме да покажеме дека не даваме отпор но дека не сакаме да се поместиме од таму. Седнавме на земја и тогаш тие се обидоа со камионите кои што се со водени топови да исфингираат дека ќе не газат за да се тргаме. Потоа почнаа да не вчечат и да не тргаат со сила“.