ЦИВИЛ бара ослободување на студентите

ЦИВИЛ -  Центар за слобода бара веднаш да им се вратат телефоните на демонстрантите кои на 5 мај беа лишeни од слобода 24 часа. На демонстрантите  по ослободувањето, им беа одземени телефоните со аргумент дека ќе бидат потребни за понатамошната истрага.  Телефоните на притворените се земени без судски налог а тоа е кршење на закон.

Со кренати раце против насилството и бруталноста

Со кренати раце против насилството и бруталноста

ЦИВИЛ исто така, бара од ослободување на студентите од Студенскиот пленум за кои е покренато обвинение за кривично дело - учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службено дејствие.

Како поддржувач на граѓанската иницијатива „Протестирам“, ЦИВИЛ уште од 5 мај перманентно протестира и поради прикривањето на убиството на Мартин Нешковски, поради полициската бруталност и поради притворените демонстранти кои на 5 мај протестираа пред Владата.

Оваа вест е достапна и на: English