Невидено вандалско однесување на вицепремиерот Пешевски

ЦИВИЛ – Центар за слобода најостро го осудува физичкиот напад на вицепремиерот Владимир Пешевски врз новинарот Саше Ивановски.

Актот на насилство се случи денеска, во строгиот центар на Скопје, кога вицепремиерот Пешевски, се нафрли врз новинарот Ивановски само затоа што не му се допадна прашањето кое му беше поставено.

Ова е невидено вандалско однесување кое не му прилега никому, а најмалку на висок владин функционер.

Бараме јавно извинување од вицепремиерот Пешевски, а од полицијата бараме поведување на соодветна постапка по службена должност.

Оваа вест е достапна и на: AlbanianEnglish