Сафет Бишевац од поранешната Санџачка лига, на дебатата „Плурализмот и политичката криза“, организирана од ЦИВИЛ – Центар за слобода, на 2 февруари, обвини дека бошњачката партија која коалицира со ВМРО-ДПМНЕ е само приврзок и дека таквите партии обично добиваат по неколку вработувања поради својот послушнички статус.
На дебатата учествуваа 11 лидери или високи претставници на политички партии и политички иницијативи, кои не се дел од преговорите за надминување на политичката криза кои два часа дискутираа и полемизираа за причините и за можните решенија на политичката криза во Македонија.
[youtube width="600" height="400"]https://www.youtube.com/watch?v=lJD_yTNkKEQ[/youtube]