Акција - Интеграција во Велес

ЦИВИЛ го спроведува проектот Акција – Интеграција за поддршка на демократските реформи, граѓанското учество, зелените иницијативи и европските вредности во Република Македонија.

Работилницата „Каква Македонија сакам?“ со претставници на локалната самоуправа, граѓанските организации, зелените иницијативи, политичките партии, медиуми, активисти и заинтересирани граѓанки и граѓани ќе се одржи во четврток (21.06.2018), во општинската сала во Велес, со почеток во 12 часот.

На работилницата ќе биде презентиран проектот на ЦИВИЛ кој се спроведува во партнерство со Фондацијата Хајнрих Бел од Германија. Во работниот дел на овој настан, ќе се отвори дискусија за можностите за граѓанско учество во демократските реформи на локално и национално ниво. Понатаму, посебно внимание ќе се посвети на зелените иницијативи и стратегии, како и на прашањата поврзани со промоцијата и практикувањето на европските вредности и зелените алтернативи, во пресрет на процесите за интеграција на Македонија во ЕУ.

Тимот на ЦИВИЛ ќе биде достапен за поединечни средби и разговори по завршувањето на работилницата која ќе трае околу два часа.

Оваа вест е достапна и на: AlbanianEnglish