Стојанче Ангелов: Лошите никогаш не заминуваат сами!

Стојанче Ангелов, поранешен полициски генерал и актуелен лидер на партијата Достоинство, денеска ги повика граѓаните на масовно учество на протестите против криминалците предводени од Никола Груевски, а до своите поранешни колеги полицајци упати апел да ги почитуваат своите сограѓани и да се воздржат од прекумерна употреба на сила. 

„Граѓани македонски, не чекајте! Не бидете пасивни!“ - повика Ангелов.

Ангелов им се обрати на своите поранешни колеги полицајци, повикувајќи ги да се воздржат од употреба на сила против демонстрантите и дека кордоните се сосема доволни.

Ангелов ги сподели своите гледишта за протестите, за потребата од активирање на што е можно поголем број граѓани во протестите, бидејќи „Груевски нема да си замине сам!“ и дека полицајците добро знаат кој е криминалецот во земјава.