Анкета на ЦИВИЛ: Граѓаните уплашени, поделени и раскарани

Деновиве политичките партии се поделени околу датумот за спроведување на престојните парламентарни избори. Затоа, екипата на ЦИВИЛ - Центар за слобода реши да ги праша граѓаните за нивен став по ова прашање. Тимот на ЦИВИЛ спроведе анкета низ улиците на Скопје, прашувајќи ги минувачите дали треба да се одложат изборите закажани на 24 април.

Anketa 1Поголем дел од граѓаните одбиваа да одговорат на ова прашање. Видлива е атмосферата на страв кај дел од нив, и одбивност јавно да говорат за политички прашања. Од оние што се согласија да одговорат, мислењата се речиси еднакво поделени – дел сметаат дека изборите треба да се одложат поради неспроведување на договореното и немање услови за нивно одржување, а дел дека тие треба да се оддржат и дека се создадени предусловите  за тоа. Во дел од одговорите забележавме класични партиско-пропагандни клишеа, од типот „народот ќе одлучи“ итн, што укажува на огромното влијание на партиската и медиумската пропаганда врз размислувањата на граѓаните.

[youtube width="600" height="400"]https://www.youtube.com/watch?v=j6sxzZbdTPE[/youtube]

За време на анкетата наидовме на двајца пријатели, кои по ова прашање имат дијаметрално спротивни ставови. Нашата камера ја регистрираше нивната пријателска расправија, која е одраз на големата поделеност меѓу граѓаните поттикната од политиката, која што е присутна во речиси секој сегмент на општеството, па и во личните меѓучовечки релации.

Print Friendly, PDF & Email

Оваа вест е достапна и на: Albanian