Никола Бабовски од Демократскиот сојуз на Власите предупреди дека во моментот во земјата владеат партиите, а не правото и тоа е причината зошто не можеме да имаме кредибилни избори на 5-ти јуни. Бабовски беше еден од учесниците на четвртата јавна дискусија на тема „Плурализмот и политичката криза“ во организација на ЦИВИЛ – Центар за слобода.
[youtube width="600" height="400"]https://www.youtube.com/watch?v=cbH9O0nT9FM[/youtube]
Тој го оцени политичкиот систем во кој живееме како домашен фашизам против кого се борат граѓаните. "Дали државата или партијата? За жал, за многумина во Македонија, во моментов не е значајно ниту едното, ниту другото, туку спасување на главата, преку аболицијата која на некои им ја подари Иванов. Ние во Македонија се бориме против домашниот фашизам. Македонија не заслужува криминални избори на 5-ти јуни. Тие нема да се одржат, бидејќи не владее правото. Се' додека на власт не се врати правото, а не партиите, ќе немаме кредибилни избори", изјави Бабовски.