Ставот на Јанко Бачев од НДМ, кој беше еден од говорниците на јавната дискусија на тема „Плурализмот и политичката криза“ во организација на ЦИВИЛ – Центар за слобода, различен од ставовите на останатите дваесет лидери на политички партии. За Бачев, услови за фер, демократски и слободни избори на 5-ти јуни има, а кризата треба да ја решат домашните партии без да се чека на помош од странскиот фактор. Според него, избирачкиот список е релативно во ред, а фантомските гласачи се само шпекулација.
[youtube width="600" height="400"]https://www.youtube.com/watch?v=H_Rh_fA_pdw[/youtube]
“Ние ќе настапиме на овие избори, и ќе поднесеме кандидатски листи. Оваа криза треба да се реши на домашен терен, со наши сили. Странците се тука, утре ќе си отидат. Избирачкиот список е горе-долу во ред. Информациите за 300 или 500 илјади фантомски гласачи, не се точни”, смета Бачев.